Како би изгледала обновата на Нотр Дам на руски начин?

Илја Варламов

Пожарот што ја зафати познатата катедрала на 15 април го потресе светот и Русија понуди да испрати врвни специјалисти во Франција за да помогнат во обновата. Но, и покрај добрите намери на владата, изразот на поддршка поттикна бран мемиња на руските социјални мрежи.

Урбанистичкиот активист и блогер Илја Варламов ги потсети луѓето како се третира древната архитектура тука: „Сите знаете како [руските власти] се справуваат со историските градби“, остроумно вели тој. „Проблемот не е во професионалните реставратори - ги имаме. Имаме извонредни архитекти, реставратори, уметници, имаме вистински мајстори во својата струка“. Варламов продолжува дека претприемачите во градежништвото во земјата имаат премногу моќ и се мешаат во проектите за реставрација кога немаат никаква идеја за процесот и на крајот ја бришат историјата.

Активистот замислува како Нотр Дам може да изгледа по реновирањето на руски начин.

1. „На пример, „Сбербанк“ (водечка банка во Русија) може да го обнови Нотр Дам. И за возврат, [француската влада] може да ѝ дозволи на банката да има канцеларија таму. Зошто да не? На крајот, зградата треба да биде профитабилна! Во центарот на Париз нема многу комерцијални области!“

 2. „Добро, ние исто така имаме специјалисти од „Руски железници“! Тие неодамна реновираа десетици станици. Сè ќе биде според правилата и прописите на нивниот бренд, без гајле!“

3. „Патем, што мислите за Руската православна црква?“

4. „Всушност, земјиштето во центарот на Париз е многу скапо... Една убава висока зграда не може да изгледа дека не припаѓа на местото! Нотр Дам, верзија Квазимодо станбен комплекс“.

5. „Ако францускиот народ нема доволно пари, во Париз би испратил градоначалник од некој провинциски руски град. Тие знаат како да се справат со историското наследство. Ќе додадат паркинг простор на плоштадот, ќе го направат поубав, и уште поважно, конечно ќе има место каде да се купи свеж багет во центарот на Париз! Нотр Дам, трговска и канцелариска верзија“.

Според Варламов, Французите ќе ѝ го вратат поранешниот сјај на катедралата за околу деценија и нешто, додека руските градови ќе се трансформираат во конгломерат од 25-катни згради и пластични трговски центри со обоени канцеларии. „Не треба да го спасиме Париз, треба да ги спасиме Вологда, Уфа и Владивосток", додава активистот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња