Рускиот цртан „Маша и мечокот“ во најтесен избор за најпопуларен детски серијал на светот

Masha and Bear
Рускиот анимиран серијал „Маша и мечокот“ се најде во најтесниот избор во трката за титулата најпопуларна детска серија на светот.

Добитниците меѓу номинираните за угледните награди Global TV Demand Awards ќе бидат прогласени во јануари следната година, пренесува новинската агенција ТАСС.

„Номинациите ги објави независната американска аналитичка компанија Parrot Analytic. Наградите се доделуваат во категоријата најпопуларна сериска содржина на светот. Лауреатите на наградата Global TV Demand Awards ќе бидат познати во јануари 2021 година“, соопштува службата за односи со јавноста на московската продуцентска куќа Animaccord.

Како што се наведува, „Маша и мечокот“ е единствениот руски анимиран проект меѓу петте финалисти во категоријата „Најпопуларна детска серија“.

Конкуренција на познатиот руски цртан ќе му претставуваат култните анимирани серии „Прасето Пепа“, „Сунѓерот Боб Панталоновски“, како и „Песја патрола“ или „Војни на ѕвездите: Војни на клонови“. Специфичноста на наградата Global TV Demand Awards се рефлектира во фактот дека победникот не се добива врз основа на гласови на жири туку врз основа на интересот и реакцијата на гледачите. Притоа во одлучувањето е вклучена публиката од преку сто пазари во целиот свет на сите видови медиумски платформи. Листата на финалисти е формирана врз основа на податоците за глобалниот интерес за сериски содржини почнувајќи од 1 јануари до 31 октомври на тековната година.

Првата епизода на руската анимирана серија „Маша и мечокот“ се појави во 2009 година. Во текот на десетте години постоење е преведена на 42 јазика, а емитувана во речиси сите делови на планетата. Во април 2020 година серијалот беше вброен меѓу петте најомилени забавни брендови на светот. Кон крајот на јули студиото Animaccord најави петта сезона на анимираниот серијал „Маша и мечокот“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња