На интернет премиерно прикажани нови епизоди од петтата сезона на „Маша и мечокот“

Маша и мечокот
На 30 јули во онлајн-киното КиноПоиск HD премиерно беа прикажани нови епизоди од петтата сезона на руската анимирана серија за деца „Маша и мечокотˮ на студиото Animaccord. Новата сезона има вкупно 26 епизоди.

Денеска можат да се погледнат две: „Големиот поход“ за веселите доживувања на нашите јунаци на патот до еден вулкан и „Што има внатре?“ - прегледно и хумористично Машино упатство за конструирање техника. Новите епизоди ќе бидат прикажувани еднаш месечно. Во петтата сезона компанијата Animaccord првпат прикажува епизоди од „Маша и мечокот“ во резолуција 4К.

Популарната руска анимирана серија, инаку, се најде во Гинисовата книга на рекорди како најгледаниот цртан филм на „Јутјуб“. Првите три сезони на „Маша и мечокот“ можат исто така да се погледнат на платформата КиноПоиск, која сериозно се занимава со содржини за деца. Претходно на своите гледачи им претстави проект поврзан со другиот руски анимиран хит „Смешарикиˮ.

Истовремено со прикажувањето на новата сезона на „Маша и мечокот“ на КиноПоиск се прикажува и новиот музички проект на студиото Animaccord „Песнички за деца“ во кој главен јунак е исто така Маша. Во секоја епизода таа презентира мелодии што се лесни за паметење, на кои се воспитуваат деца во различни земји на светот, учејќи ја азбуката, броење и многу други работи.

Новата сезона на „Маша и мечокотˮ и „Песнички за деца“ се достапни по регистрацијата на Кинопоиск HD на секој уред. Цртаните филмови можат да се гледаат и во безбеден режим за деца на онлајн-киното, кој може да го направи секој регистриран корисник. Во каталогот на детскиот режим се наоѓаат илјадници популарни детски играни и анимирани филмови. Понудата се формира врз основа на личните препораки земајќи ги предвид возраста, полот и интересот на детето, а ликовите од бајките им помагаат на родителите суптилно да го ограничат времето на гледање на цртаните филмови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња