Поголемиот број странски филмови и серии кои се случуваат во Русија се всушност снимени во Источна Европа или дури во филмски студии. Во советско време поради „железната завеса“ беше тешко да се добие дозвола за снимање во Русија, а денес тоа е едноставно премногу скап потфат, од добивањето визи за сите учесници, па сè до блокирањето на улиците во Москва и во Санкт Петербург (кои се најбарани локации). Затоа руските градови обично се прикажани... нереално.
Ја споредивме Русија во неколку филмови и серии со реалноста во времето во кое е снимен филмот (или се одвива дејствието).
Да се убие Ив (2018)
Поголемиот дел од третата сезона од оваа телевизиска серија е сместен во Русија. Продуцентите никогаш не криеле дека Москва ја снимале во Романија, па руската престолнина изгледа како мало провинциско гратче. Празни улици, мали плоштади... А, што е со висококатниците, и модерните и советските?
BBC America, 2018, Алексеј Куденко/Sputnik
Невозможна мисија: Протокол Дух (2011)
Во овој филм ја гледаме Обуховската улица или барем уличниот знак кој вели дека се наоѓаме таму. Според заплетот, Итан Хоук (лик што го глуми Том Круз) треба да добие „невозможна задача“ преку старата телефонска говорница, каква што не постоела во Москва во 2011 година! Можеби само го користеле телефонот на локацијата на снимањето, а тоа е Ванкувер во Канада? Обуховската улица е вистинска улица во Москва, а изгледа вака.
Brad Bird/Skydance Productions, 2011, Wetscherinin(CC BY-SA 4.0)
Хитмен: платениот убиец (2007)
Филмот го прикажува Санкт Петербург, но сите овие знаци и натписи на бугарски јазик изгледаат збунувачки. Не е ни чудо: Софија, престолнината на Бугарија, „ја играше улогата“ на Санкт Петербург.
Xavier Gens/Anka Film, 2007,Роман Сапоњков/Sputnik
Но, најбизарно е тоа што ја прикажаа Киевската железничка станица во Москва наместо Централната железничка станица во Санкт Петербург!
Xavier Gens/Anka Film, 2007,Сергеј Компанијченко/Sputnik
Браќата Блум (2008)
Дејствието на овој филм за двајца криминалци исто така делумно се довива во Санкт Петербург. Продуцентите навистина се потрудиле, дури и набавила соодветни таблици за колата. Меѓутоа, снимањето на руската северна престолнина на југот од Балканот (во Белград и во Црна Гора) беше ризична одлука. Доколку знаете некое место во Санкт Петербург со толку типична „јужњачка“ архитектура, задолжително известете нè!
Rian Johnson/Endgame Entertainment, 2008, Yuri Belinsky/TASS
Сибир (2018)
Филмот чие дејствие се одвива во Јакутија всушност е снимен во канандските градови Кукс Крик и Маркет. Затоа ликот што го игра Кијану Ривс може назима да шета во тенко капутче без капа. Во вистинскиот град Мирни во Јакутија такво нешто би било можно само налето.
Matthew Ross/Elevated Films, 2018, Alexander Ryumin/TASS
Како Кијану Ривс го научи рускиот јазик
Хелбој (2004)
Што мислите, каде може да се најде гробот на Распутин? Кај Санкт Петербург, но во филмот Хелбој упорно го бараат во Волоколамск покрај Москва. Па, и тие гробишта во Волоколамск се снимени во Бугарија!
Guillermo del Toro/Lawrence Gordon/Lloyd Levin Productions, 2004, Google Maps
Транссибирска железница (2008)
Трилерот за авантурите на Транссибирската железница е снимен во Литванија. Па, кога ќе видите станицата во сибирскиот град Иркутск, немојте да им верувате на своите очи! Тоа е всушност Вилнус, престолнината на Литванија. А, Владивосток е снимен во Клајпеда. Продуцентите веројатно мислеле дека напуштените хангари во поранешната советска воена база ќе направат сцената да изгледа поуверливо!
Бонус:
„Притаено зло: Одмазда“ (2012)
Филмската екипа доби дозвола да снима во московското метро и можат да се видат сцени на Арбатската станица. Сè е оригинално!
Paul W. S. Anderson/Constantin Film, 2012, Moskva agency