Како Кијану Ривс го научи рускиот јазик

Kinopoisk
Во текот на снимањето на филмот „Сибир“ Кијану Ривс неочекувано се прошета по улиците на Санкт Петербург и им откри на новинарите дека го знае рускиот јазик доволно добро за да може да ја чита руската класика во оригинал.

Веќе одамна сите знаат дека Кијану Ривс е многу необична холивудска ѕвезда: живее скромно, пишува поезија, се вози со метро и, се разбира, прифаќа неочекувани улоги.

Кон крајот на септември публиката конечно доби можност да го види новиот романтичен трилер, крими-мистеријата под наслов „Сибир“. Кијану глуми американски трговец со дијаманти кој ќе се најде на удар на руската мафија и роднините на една Катја во која се вљубува.

Поради скромниот буџет, поголемиот дел од „Сибир“ е снимен во Канада, но и во Санкт Петербург. Филмаџиите свратија во Русија на неколку недели 2017 година, така што појавата на Кијану на улиците на вториот по големина руски град ги одушевија локалните жители.

Кијану Ривс во Санкт Петербург

Во интервју за руските медиуми актерот изјави дека се согласил на оваа улога затоа што Сибир е едно од најмистериозните места на планетата. Во поголемиот дел од филмот се зборува на руски јазик, така што Кијану дури го читаше и „Хамлет“ во превод на руски за да го збогати својот вокабулар.

Актерот признава дека оваа улога му помогнала да ги подобри своите знаења на рускиот јазик, но и дека неговиот изговор сѐ уште не е најдобар. „Засега само се обидувам да ја уловам мелодијата на рускиот јазик. Звучи прекрасно, мелодичен е и има многу интонации“, рече Кијану, додавајќи дека читал раскази и драми на руски јазик. „За Толстој сѐ уште не сум дораснат“, признава тој.

Кијану Ривс како Лукас Хил во „Сибир“

Рускиот јазик е уште една причина зошто го привлекол овој филм. „Покрај рускиот јазик можеш да ја почувствуваш културата на народот, да ги слушнеш нивните песни, гласови... Темата не е политика и не го започнавме проектот во атмосферата што ја имаме денеска. Се работеше повеќе за семејниот аспект, за олигархијата и светот на криминалот“, вели Ривс.

„Мојата прва асоцијација со Русија е моралната сила. За Русите тоа е норма. И Русите не се толку сурови во вистинскиот живот како што ги прикажуваат во филмовите. Кога снимавме на улиците на Санкт Петербург, луѓето многу срамежливо ми приоѓаа за да замолат за автограм. Не сакаа да ми пречат. Многу убаво од нивна страна“.

Прочитајте повеќе: Седум холивудски ѕвезди кои добро зборуваат руски

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња