Дури и обично руско име делува комично кога ќе се напише на кирилица. Творците на американските филмови често не смислуваат ништо посебно, туку само ќе го променат распоредот на тастатурата.
Руска тастатура
Legion MediaТака во серијата „Вселенски сили“ (Space Force, 2020) на униформата на рускиот јунак е пришиено името „Телатовицх Ы.С.“. Доколку се за верување сценаристите, тој човек би требало да се вика Јуриј Телатович, меѓутоа името почнува со Ы, што воопшто не е карактеристично за рускиот јазик. Како „ј“ во иницијалите станало „ы“? Многу едноставно. Јуриј на англиски се пишува Yuri, а со буквата Y се обележува руската буква Ы, и затоа таа е употребена за иницијалите на кирилица. И, се разбира, латиничното „c“ е кириличното „ц“, а „h“ е „х“. Оттука „-цх“ на крајот.
А. Воробјов, „Вселенски сили“.
Пол Кинг/Netflix, 2020.Интересно е што Русинот во серијата го игра рускиот актер Алексеј Воробјов. Како тоа тој ништо да не забележи?
Има и такви бисери што тоа е навистина смешно. Во втората сезона на серијата „Доушници“ (The Wire, 2003) е прикажан пасош чиј сопственик се вика DOВЛАЩ ЛШТВКФЫРШТ. Ако се напише презимето со латиничен распоред на тастатурата, се добива Kindrashin, што е уште некако и прифатливо. Но, што е со името? Како настанало тоа? Тоа никој не го знае.
Типично руско име, презиме и име по татко – судејќи според серијата „Доушници“.
Дејвид Сајмон/HBO, 2002.Тука е познатиот „Foma Kiniaev“ (или Ащьф ЛШТШФУМ, како што му пишува во пасошот, што е повторно име напишано со руски распоред на тастатурата) во филмот „Борновиот идентитет“ (The Bourne Identity, 2002). Тоа име веќе влезе во легендата.
Кадар од „Џејсон Борн“.
Пол Гринграс/Universal, 2016.Во рускиот јазик има многу презимиња кои завршуваат на „-ов“ и во латиничната варијанта се пишуваат „-off“: Smirnoff, Sokoloff, итн.
Понекогаш се добива впечаток дека е доволно да се додаде „-off“ на било што и тоа ќе биде руски јунак. Но, кога братот на рускиот претседател во филмот „Хитмен“ (Hitman, 2007) се вика Удре Беликофф, тогаш тоа е сепак премногу.
Удре Беликофф (прикажан е Хенри Јан Кјусик), јунак во филмот „Хитмен“.
Ксавје Жен/20th Century Studios, 2007.Во рускиот јазик не постои ништо што личи на таквото име.
Русите не можат сериозно да ги доживеат јунаците на филмот „Џон Вик“ (John Wick, 2014). Сериозно, како може главниот јунак да се вика Баба Јага? А на тој лик му се спротивставува, се разбира, руски бандит со „обично“ име Виго Тарасов (Viggo Tarasov). Кај го најдоа тоа име?
„Џон Вик“
Чад Стахелски, Дејвид Лич/Thunder Road Pictures, 87Eleven, 2014И како човек да не се сети на „типичното“ женско име Доминика Егорова во филмот „Црвеното врапче“ (Red Sparrow, 2018), полн со стереотипи за Русите. Доминика звучи толку неприкладно што во Русија филмот беше прикажан со името Вероника.
Доминика Егорова, „Црвеното врапче“
Френсис Лоренс/20th Century Fox, Chernin Entertainment, 2018А во акциониот филм „Џек Ричер“ (Jack Reacher, 2012) таинствениот шеф на мафијата кој се бори против главниот лик (го глуми Том Круз) се вика Zec Chelovek. Ни помалку ни повеќе.
„Џек Ричер“
Кристофер Макуари/Paramount Pictures, Skydance Productions, 2012Небаре авторите мижејќи одбрале два збора од српско-руски речник и така добиле име и презиме.
„Приказната за тоа како се скараа Иван Иванович и Иван Никифорович”.
Владимир Карасев/Одеско филмско студио, 1959.Навистина е незгодно тоа што Американците покрај име и презиме немаат име по татко, а Русите имаат. Во многу филмови таа разлика создава вистинска мешаница. Творците на британската серија „Мекмафија“ (McMafia, 2018) навистина се потрудиле – Русите ги играат руски актери, така што го нема оној карактеристичен неприроден нагласок.
„Мекмафија“
Џејмс Воткинс/BBC, AMC, 2018.Но, кај имињата сепак згрешиле. Во рускиот пасош место презиме стои патронимот Николаевна, а патронимот е изведен од непостоечкото име Глоб.
„Солт“
Филип Нојс/Columbia Pictures, Sony Pictures, 2010Ни авторите на филмот „Солт“ (Salt, 2010) не сфатиле што се прави со патронимот, па наместо Василевич напишале едноставно Vassily. Човекот, наводно, с вика Orlov Oleg Vassily.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче