Линдеман со шведскиот актер Питер Стормаре се шеташе по Дворцовиот плоштад со песната „Калинка-малинка“во рамките на предизвикот #Stehaufchallenge, посветен на танцување на песната Steh auf која групата „Линдеман“ ја објави во септември.
Следната недела на 22 ноември рокерите ќе го издадат својот втор албум F&M.
Исто така беше соопштено дека пејачот на групата „Рамштајн“ Тил Линдеман и шведскиот музичар Питер Тегтгрен ќе настапат во градови во Русија, Украина и Белорусија, како дел од промоцијата на нивниот нов албум.
Турнејата започнува на 2 март во Санкт Петербург, а концертот во Москва ќе се одржи на 15 март.