„Рамштајн“ во Русија: само овде обожавателите на нивната музика така ја губат глават“, пишува германското издание Mitteldeutscher rundfunk. Луѓето чекаат 11 часа за да добијат автограм од членовите на групата.
На 29 јули германската група настапи на најголемиот стадион Лужники во Москва, а на 2 август ќе одржи концерт на најголемиот стадион во Санкт Петербург.
Руските обожавател на групата уште во декември почнаа да купуваат билети за овој концерт, седејќи дење и ноќе пред компјутерите и чекајќи нови партии билети.
Почетоците на германската рок-група во Русија, сепак, не беа лесни, се потсетува изданието. Нивниот прв концерт пред 17 години во Москва беше откажан поради нередите организирани од националистите, а подоцна членовите на Градската Дума во Санкт Петербург побараа бендот да биде казнет за провокативната шоу-програма. Пратеникот на Думата Виталиј Милонов рече дека групата е аморална.
Најголемиот скандал, сепак, избувна кога компанијата Caviar-Phone, производител на луксузни телефони, го избра Тил Линдеман за реклама на позлатен модел на „Ајфон“ со рускиот двоглав орел. Фронтменот на групата на сликата носеше маица со ликот на Путин на сликата. Подоцна компанијата сепак мораше да објасни дека тоа било само фотошоп.
Ништо не може да се спореди со настапот на „Рамштајн“, вели Денис Усаков, истото момче од Мурманск кој 11 часа чекаше за автограм од на Линдеман, пишува Mitteldeutscher rundfunk.
Во интервју за рускиот весник „Комсомолскаја правда“ Линдеман раскажа дека би сакал да добие руско државјанство. Но, не за да избегне плаќање данок како францускиот актер Жерар Депардје, туку од практични причини. „Да може секој да ме покани во Русија, а јас едноставно да се спакувам и да тргнам, избегнувајќи ги сите бирократски процедури“, рече Линдеман.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче