Тил Линдеман
STAR-MEDIA/Global Look PressПостоела можност Линдеман да се натпреварува на Олимпијадата во Москва 1980, но поради контакти со Западот бил исфрлен од репрезентацијата уште на Европското првенство во Рим. Претходно Линдеман се натпреварувал со познатиот руски пливач Владимир Саљников, кој во Москва исплива 1500 метри за помалку од 15 минути и го освои златото.
„Во Москва ќе имав само 17 години“, се присетува Тил Линдеман. „Саљников во тоа време беше крал! Русите тогаш беа непобедливи. Тие тренираа во вода со температура +18…+19 °С. Тоа се најтврдокорните типови на светот. Тие не чувствуваат болка, издржливи се, многу чувствителни, во нив има многу трагика и имаат огромно срце. Тие секогаш нѐ „уништуваа“. Да не си имате работа со Русите“, заклучува Тил Линдеман.
А руски оркестар има обработено песна на „Рамштајн“. Слушнете како звучи обработката на Du Riechst So Gut.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче