12 руско-европски филмови кои мора да ги гледате

Сибирскиот бербер

Сибирскиот бербер

Studio Trite, Camer One (Франција)
Заборавете на сите оние солидни заеднички руско-американски филмски хитови кои требаше да одат директно на касета или на ДВД, овие елегантни филмови се во друга лига. Подгответе ги пуканките!

1. Луна Парк (1992)

Протагонистот на оваа руско-француска драма, Андреј Леонов, е лидер на националистичката, антисемитиска организација во постсоветската Москва. Сепак, неговиот живот се превртува на главата кога ќе дознае дека самиот тој е од еврејско потекло.

2. Прозорец кон Париз (1993)

Жителите на еден комунален стан во Санкт Петербург ќе најдат таен прозорец кој води кон покрив во Париз. Тие, кои го поминале поголемиот дел од својот живот зад железната завеса, добиваат шанса да започнат од почеток, но животот не е толку розов на Запад. Оваа руско-француска драма ја сакаат Русите.

3. Изгорени од сонцето (1994)

Овој филм ја раскажува приказната за фиктивниот висок офицер на Црвената армија, Сергеј Котов. Додека го поминува времето со своето семејство во својата селска куќа, тој не ни помислува дека ќе биде една од првите жртви на Големата чистка на Советскиот Сојуз. Изморени од Сонцето добил гран-при на Канскиот филмски фестивал 1994 и освои Оскар за најдобар филм од неанглиско јазично подрачје.

4. Крадец (1997)

Оваа руско-француска драма која беше номинирана за Оскар ја раскажува приказната за Катја и нејзиниот син Сања, кои се сретнуваат со Советскиот офицер Тољан во 1946 година. Катја се вљубува во Тољан, а Сања почнува да го гледа како татко, но тие не сфаќаат дека Тољан всушност е крадец.

5. Сибирскиот бербер (1998)

Првиот високобуџетен (35 милиони американски долари) филм во историјата на модерната руска кинематографија, Сибирскиот бербер е заеднички проект на Русија, Франција, Италија и Чешка. Главните улоги ги толкуваат Олег Мењшиков, Џулија Ормонд и Ричард Харис, а филмот ја раскажува трагичната љубовна приказна меѓу кадет и американска дама во Руската империја. За време на снимањето, ѕвездите на Кремљ беа исклучени (за кинематографски ефект) по втор пат во нивната историја. Првиот пат беше за време на Големата татковинска војна.

6. Луна Папа (1999)

Голем број земји учествуваа во продукцијата на овој филм, вклучувајќи ги Русија, Германија, Таџикистан, Австрија, Узбекистан, Швајцарија, Франција и Јапонија. Мамлакат, млада убава девојка од мало село во Централна Азија, сонува да стане актерка. Еден ден таа е заведена од патувачки актер, кој тврди дека е пријател на Том Круз. Како резултат на тоа, таткото и братот на Мамлакат тргнуваат на комичен пат за да го пронајдат нејзиниот заведувач.

7. Молох (1999)

Оваа биографска драма од Александар Сокуров покажува еден ден од животот на Адолф Хитлер и неговите односи со Ева Браун и водечките нацистички лидери, Борман и Гебелс. Филмот е прв дел од тетралогијата на режисерот (Молох, Бик, Сонце и Фауст) и беше заеднички продуциран од Русија, Германија, Јапонија, Италија и Франција.

8. Исток-Запад (1999)

1946 година е и многу руски емигранти се поканети од Сталин да дојдат да живеат во Советскиот Сојуз. Меѓутоа, кога пристигнуваат во СССР, тие не се пречекани така како што очекувале. Наместо тоа, тие се принудени да минат низ сите терори на комунистичкиот режим. Руско-француско-бугарско-украинската драма беше номинирана за Оскар во 2000 година.

9. Олигарх (2002)

Руско-француско-германската драма го следи Платон Маковски, кој станал богат во текот на деведесеттите години од минатиот век во Советска Русија. Тој се вплеткува во свет на брутален криминал и валкана политика. Филмот е базиран на романот „Големото парче“ на Јулиј Дубов за вистинскиот руски олигарх Борис Березовски.

10. Сонце (2005)

Вториот дел од тетралогијата на Александар Сокуров, Сонцето го прикажува јапонскиот император Шова (Хирохито) во последните денови од Втората светска војна. Трагедијата е прикажана преку очите на еден човек и на целата нација, која страда од катастрофален пораз. Филмот е заедничко производство на Русија, Италија, Швајцарија и Франција.

11. Монголец (2007)

Оваа руско-германско-казахстанска историска епска драма ги следи првите години на Темујин, кој подоцна станува познат како Џингис Хан. Детството и првите битки на големиот освојувач се претставени во филмот, означувајќи го почетокот на легендата.

12. Лето (2018)

Последниот заеднички проект на Русија и Франција, „Лето“ од Кирил Серебренников, е посветен на животот на иконата на советскиот рок Виктор Цој во текот на осумдесеттите години од минатиот век. Саундтракот на филмот има рок-музика од тоа време и ја освои наградата на Канскиот фестивал за најдобар саундтрак.

Прочитајте уште: Седум руски кинохитови што не треба да ги пропуштите

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња