Погледнете инсерт од рускиот филм на студиото Evil Pirate во жанрот „старословенски сајберпанк“.
Стар руски град во пламен, цркви во холограм, дрвени куќи со неонски реклами, ласерски крстови и бомби-матрјошки.
Поголемиот дел од трејлерот е борба на некои креатури кои блујат оган и убиваат невин народ со витези вооружени со лак и стрели, мечеви, но и со ласерски крстови и бомби-матрјошки. Претпоставуваме дека едниот од јунаците се вика Киберслав.
Студиото Evil Pirate засега не најавува премиера на филмот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче