Art3mis, Ready Player One
Steven Spielberg/Warner Bros. Entertainment Inc. 2018Полина Забродскаја, креативен директор на фирмата Publicis во Лондон, беше шокирана кога го препозна своето лице во виртуелната реалност на најновиот филм на Стивен Спилберг.
„Тоа е најчудното чувство на светот. Го гледате својот анимиран лик во филмот и забележувате детали кои ги знаете само вие и вашите најблиски“, напиша Забродскаја.
И не се работи за случајност. Пред неколку години сопругот на Полина, уметникот Џама Џурабаев барал од неа дозвола за да даде на нов лик нејзините црти на лицето. „Таа девојка е „опасна“, ќе ти се допадне“, рекол тогаш. Забродскаја се согласила и не прашала за кој лик се работи. Цртежите на Џурабаев му се допаднале на Спилберг и илустрациите им ги испратиле на аниматорите. Така настанал главниот женски лик во филмот по име Art3mis.
По две години Џурабаев ја однел Забродскаја на кино, на премиерата на филмот снимен според книгата на Ернест Клајн „Првиот играч на потег “, инаку, нејзина омилена книга, и дури тогаш таа видела дека Art3mis ги има нејзините црти на лицето!
„Многу чудно чувство: час и половина ја гледате својата анимирана верзија и ги препознавте сите ситни детали кои може да ги забележи само човек што одлично те познава“, пишува Полина.
Џурабаев потврди дека сето тоа било токму така, а Забродскаја му се заблагодари на сопругот што не го искористил нејзиниот лик за филмовите „Џурасик парк“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче