Т-34 подготвен за борба: Излезе новиот трејлер за руската воена акциона драма за 2 светска војна

Трејлер за филмот „Т-34“

Трејлер за филмот „Т-34“

screenshot/YouTube

Излезе новиот трејлер за авантуристичката акциона воена драма „Т-34“ на Алексеј Сидоров, кој на пошироката публика ѝ е познат по режирањето на телевизиската серија „Бригада“. Дејствието на филмот се одвива на фонот на големите битки во Втората светска војна, а е концентрирано околу борбата на двајца тенкисти – довчерашниот каде Ивушкин, кого го игра Александар Петров, и германскиот ас Јагер (Винценц Кифер).

„Т-34 е кул и чесен филм, полн со луда енергија. Но и со вистински хумор и надеж. Најважно е што, сепак, постои многу љубов, и тоа спрема девојката, пријателите, мајката, татковината. Приказната за минатото е раскажана на суперсовремен начин, со мноштво интересни детали. А за тоа е најзаслужен нашиот режисер Алексеј Сидоров“, изјави актерот Александар Петров.

„Го играм тенкистот Ивушкин. Тој на фронтот минува низ ситуации кои би можеле да се опишат со зборовите „од лошо полошо“, а во решавањето на борбените задачи му помагаат снаодливоста, силата на духот и храброста. Се работи за силна, комплетна личност, со момчешки дух, и бидејќи е нормално момче, не отстапува ни во тепачка, ни во борба. Во нашата приказна Ивушкин се соочува со достоен противник – германскиот офицер Јагер. За мене ова првенствено е филм за луѓето. За хероите и силата на карактерот“, истакнува главниот актер.  

Покрај Петров, во филмот играат и Виктор Добронравов, Ирина Старшенбаум, Петар Скворцов, Семјон Трескунов, Артјом Бистров и Микаел Џанибекјан.

Премиерата е закажана за крајот на оваа година – 27 декември.

Прочитајте кои се 5 најдобри современи руски филмови за Втора светска војна

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња