Вечерва во кинотеката на Македонија ќе се прикаже најновиот руски филм „Собибор“.
Филмот е режисерско деби на Константин Хабенски, кој истовремено ја толкува и улогата на главниот лик во филмот Александар Печерски.
„Собибор“ е приказ на единственото успешно масовно бегство од германски концентрационен логор во Втората светска војна.
Празничните активности во Македонија по повод Денот на Пoбедата завршуваат на 16 мај во Битола со ревијата на руски воени филмови. Настанот ќе се одржи во НУ „Центар за култура“, каде со почеток во 19:30 часот ќе биде прикажан филмот „28 Панфиловци“.
Прочитајте зошто треба да го гледате новиот руски филм „Собибор“