Рускиот филм „Мраз“ (Лёд) вечерва, 10 мај, со почеток во 20 часот, ќе биде прикажан во киното „Синеплекс“ во скопскиот трговски центар „Сити Мол“.
Филмот на режисерот Олег Трофимов е снимен со буџет од 150 милиони рубли. Во него се раскажува за една фигуристка (ја игра Аглаја Тарасова), која завршува во болница поради грешка на својот партнер. Хокеарот Саша подоцна ѝ ја враќа довербата во себе и ѝ помага да успее.
Дел од филмот е снимен во Олимпиското село на Сочи, дел во Иркутск. Може да се каже дека мразот на Бајкалот, најчистото езеро на планетата, е еден од јунаците во филмот. Сите сцени на езерото се снимани на вистински бајкалски мраз и актерите во секој момент можеа да пропаднат низ мразот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче