Во Македонија ќе се одбележи 73-годишнината од Победата над фашизмот

Граѓанин на Скопје ги гледа фотографиите на „Ѕидот на сеќавањето“, изложба во рамките на манифестацијата „Бесмртниот полк“, 2017.

Граѓанин на Скопје ги гледа фотографиите на „Ѕидот на сеќавањето“, изложба во рамките на манифестацијата „Бесмртниот полк“, 2017.

Russia Beyond-Македонија
Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија во соработка со Коориднативниот совет на руски сограѓани во Македонија организира повеќе настани за одбележување на 73-годишнината од заедничката победа на земјите-членки на антифашистичката коалиција.

Програмата за одбележување на 73-годишнината од Победата во Втората светска војна на земјите годинава предвидува одржување на повеќе манифестации во Скопје, Битола, Охрид и Струмица.

Најпрвин, на 4 мај во 19 часот, во просториите на Рускиот центар при УКИМ, ќе се одржи предавање насловено како „Курската битка: Решавачка борба на Втората светска војна“, во кое ќе се зборува за предисторијата, текот и резултатите на еден од најважните настани што се случи пред 75 години.

На 5 мај во параклисот „Свети Георгиј Победоносец“ во Скопје во 12 часот ќе се одржи молебен за помен на загинатите руски војници.

Исто така, на 5 мај во Скопје, на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во 13 часот ќе започне манифестацијата „Бесмртен полк“. Манифестацијата е традиционален настан кој се одржува во сите градови на Русија, како и надвор од неа во рамките на одбележувањето на Денот на Победата над фашизмот и претставува чин на сеќавање и оддавање почит на сите херои-антифашисти кои загинале борејќи се за слободата и неазвисноста на своите земји и на целата Европа.

Оваа година во рамките на настанот ќе биде поставен „Ѕид на сеќавање“ на кој ќе бидат истакнати портрети на учесници на антифашистичкото движење. Поканети се сите кои не се рамнодушни кон меморијата за хероите кои се бореле против фашизмот да земат учество во создавањето на „Ѕидот на сеќавањето“ и на тој начин да придонесат за сеќавањето на хероите кои загинале заради нашата денешна слобода.

На 7 мај во Струмица, во НУЦК „Антон Панов“, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи гала-концерт „Уметноста во име на Победата“, на кој ќе настапат Ана Кондратенко, КУД „Чајка“, КУД „Славјанка“ и специјални гости од градот Електростаљ, збратимен со Струмица.

На 8 мај на Могилата на непобедените во Паркот на Револуцијата во Прилеп во 11 ќе биде положено цвеќе. Вечерта, во 19:30 часот, во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе настапат солисти од Санктпетербуршкиот „Дом на музиката.

На 9 мај во Скопје, на браната „Матка“, во 10 часот ќе биде положено цвеќе пред споменикот на загинатите партизани.

На 9 мај во Битола, на плоштадот „Магнолија, со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи манифестацијата „Бесмртниот полк“.

На 11 мај во Охрид, во „Куќата на Уранија“, во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Врелиот снег на Сталинград“, посветена на 75 годишнината од Сталинградската битка.

На 14 мај во Кинотеката на Македонија во Скопје премиерно ќе биде прикажан најновиот руски филм „Собибор“за единственото успешно масовно бегство од германски концентрационен логор во Втората светска војна.

На 16 мај во Битола, во НУ „Центар за култура“, во 19:30 часот ќе биде отворена ревијата на руски воени филмови со проекција на филмот „28 Панфиловци“.

Прочитајте повеќе: Како во Русија се чува споменот на хероите од Големата татковинска војна

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња