Апсурдот на секојдневието: Руски илустратор го прикажува современиот свет на досега невиден начин

Антон Гудим, илустратор од Москва, го прикажува вистинскиот апсурд на секојдневието на современиот живот. Мобилната апликација за запознавање „Тиндер“, „Фејсбук“, фотографиите од патувањата и канцелариската рутина стануваат парадоксални случки. Неговите цртежи се наменети за оние кои се подготвени да го преиспитаат својот свет.

Антон Гудим не е отворена личност. Ретко зборува во јавност или ги коментира своите дела. Во едно од своите ретки интервјуа тој изјави: „Повеќе го минувам времето цртајќи отколку работејќи на својот имиџ“. Но неговите цртежи самите зборуваат за себе. Антон работи според извесни правила кои самиот си ги поставил. На пример, ретко користи текст и не црта стрипови.

„Те сакам... како пријател“
„Се надевам дека ќе те сонувам ноќва“

Антон не е школуван илустратор. Вели дека има техничко образование, без каква било врска со уметноста. Цртежите дури не се ни негов главен извор на приходи, така што ова е дигитална уметност во нејзиниот најчист облик.

Неодамна неговите цртежи станаа толку популарни на интернет што Антон често наидува на своите работи без авторската ознака, изобличени и претставени под туѓо име. Тоа го нервира како уметник, но покажува колкава популарност стекна неговата работа.

Прочитајте повеќе: Московски сценарист направи стрип од своето CV

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња