Regina Gallery.
Press PhotoОд 24 до 27 септември во виенската Маркс Хале ќе се одржи новиот саем на современа уметност Viennacontemporary. Иницијатор на овој саем е Русинот Дмитриј Аксјонов, колекционер и сопственик на RDI Group, кој во последниве четири години, меѓу другото, се занимавеш со обновување на еден од најстарите европски уметнички саеми Vienna Fair. Новиот саем го организира истиот тим на чело со уметничкиот директор Кристина Штајнбрехер-Фанд, а како учесници се најавени повеќе од сто познати европски галерии. Од Русија има шест учесници. „Руска реч на македонски“ ги праша руските галеристи кои руски современи уметници се познати и популарни во светот.
Сергеј Попов, pop/off/art gallery
Во светот се познати ѕвездите на нашата уметност кои се појавија по Перестројката – Анатолиј Осмоловскиј, дуото Виноградов-Дубосарски, групата AES+F, Сергеј Братков. Сега особено е популарна Ољга Чернишева – таа учествува во главниот проект на Венецијанското биенале. Но, најпознати современи руски уметници се претставниците на живата класика – Ерик Булатов и Иљја Кабаков.
Во Виена се надеваме на украинските уметници што живеат во Москва – Вика Шумскаја и Влад Јурашко. Тие претставуваат различни правци на современата уметност, која е разбирлива на која било точка на планетава – апстрактната и фигуративната. Во моментов тие се наоѓаат меѓу оние кои создаваат најубава уметност во Европа.
Екатерина Ираги, Galerie Iragui
Press Photo
Наша најголема ѕвезда е Иљја Кабаков. Секако, тој сега живее во САД. Благодарение на него и на теоретичарот на уметноста и куратор Борис Гројс, Московскиот концептуализам може да се смета најпознат правец во светот од современата руска уметност. И не само најпознат, туку и најизложуван до денешен ден. На пример, сега во галеријата Narrative projects во Лондон се подготвува голем самостоен проект на Никита Алексеев.
Во Виена ќе ги прикажеме и деката на концептуалистите (Виктор Пивоваров, Никита Алексеев, Павел Пеперштејн и други), кај кои се гледа влијанието на супрематизмот.
Михаил Овчаренко, Regina Gallery
Press Photo
Наши најпознати уметници се Иљја кабаков, Олег Кулик, Павел Пеперштејн и Pussy Riot – претставници на различни генерации, секој со своја уникатна приказна. Во последно време странските колекционери покажуваат голем интерес за Евгениј Антуфјев и за Павел Пеперштејн, кој, меѓу другото, се поврзува и со нивните самостојни изложби во разни земји.
Годинава еден штанд ќе биде посветен на проектот „Кога би бил Германец“ од „Групата за брза реакција“ во која членуваат познатите уметници Сергеј Братков, Борис Михајлов и Сергеј Солонски. Тој поради низа причини не може да биде прикажан во Русија. Исто така ќе претставиме и избор на дела на хартија на Иљја Кабаков и на Павел Пеперштејн.
Наталија Нусинова, Triumph Gallery
Press Photo
Освем Кабаков, најпознати се Pussy Riot, групата AES+F, Ољга Чернишева, Ирина Корина, групата „Что делат“ („Што да се прави“ - според истоимениот роман на Николај Чернишевски). Може да се набројат уште десетици имиња кои изложуваат во музеите во Европа и во САД. Кај нас на меѓународните саеми купуваат најразлични дела – од Андреј Горбунов и Recycle Art Group до Александар Бродски. Не постои некаков посебен вкус според кој би се дала карактеристика и разлика за колекционерите од Западот и од Русија. Најважно е да станува збор за добра уметност.
Ана Лунева, Pechersky Gallery
Press Photo
Учеството на руските галерии на меѓународните саеми за нашата современа уметност е речиси единствена шанса денес да се претставиме на Запад и да бидеме вклучени во светскиот уметнички процес. Во Европа и во САД се познати низа големи современи уметници: од концептуалистите до Валериј Кошљаков. Но, ние ги претставуваме и младите и интересни како што се Кирил Гаршин, Тимофеј Паршиков, Роман Сакин и друго. Сите дела ќе чинат до 6 илјади евра,
Ељвира Тарноградскаја, Triangle Gallery
Press Photo
Во Виена ќе ги прикажеме, според нас, тројцата автори кои во моментов најбргу се развиваат – Гоша Острецов, Људмила Константинова и Валерија Чтак. Гоша е добро познат на Запад: тој има изложувано и на павилјонот на РФ на биеналето во Венеција, и во Галеријата Саачи во Лондон, и неодамна на изложба во австриски Грац. Неговите слики во стил на стрип се подобро разбрани во Европа, каде постои поголема традицијата за овој вид уметност, одошто кај нас. Константинова, пак, во своите дела иронично го преосмислува наследството на руската авангарда, додека Чтак работи со текстови на различни јазици во стритарт стил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче