Звјагинцев, авторот на филмовите „Левијатан“ и „Нељубов“, снима ТВ серија за „Парамаунт“

Најновиот филм на Звјагинцев „Нељубов“ во 2017 година ја освои Наградата на жирито во Кан.

Најновиот филм на Звјагинцев „Нељубов“ во 2017 година ја освои Наградата на жирито во Кан.

Getty Images
Дејството на првата телевизиска серија на наградуваниот руски режисер ќе биде сместено во Москва.

Тоа ќе биде првата телевизиска серија на Андреј Звјагинцев – а прва продукција на „Парамаунт“ на руски јазик – така што има на што да се радуваме. Трилерот кој ќе се одвива во Москва сѐ уште нема име, но сценариото го напишаа Олег Негин ( кој го напиша и сценариото за „Нељубов“) и Звјагинцев.

„Верувам дека имаме многу силна човечка приказна за да ѝ ја раскажеме на меѓународната публика“, изјави режисерот за „Вараети“.

Детали за дејството не се откриваат, но проектот, според рускиот портал „Ведомости“, ќе биде продолжение од еден од претходните филмови на Звјагинцев. Серијата ќе се состои од десет епизоди, а Звјагинцев ќе ги режира првите две епизоди.

Најновиот филм на Звјагинцев „Нељубов“ во 2017 година ја освои Наградата на жирито во Кан и е номиниран за годинешниов„Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Прочитајте повеќе: Колку Оскари имаат освоено руските филмови?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња