Рускиот филм „Нељубов“ ја доби наградата „Цезар“

kinopoisk
Филмот на Андреј Звјагинцев ја доби престижната француска награда првпат во историјата на руската кинематографија.

Рускиот филм„Нељубов“ ги победи „Данкерк“ на Кристофер Нолан, „Ла Ла Ленд“ на Демиен Шазел и „Квадратот“ на Рубен Остлунд во трката за наградата „Цезар“ што од 1976 година ја доделува француската Академија за кинематографски уметности и технологија.

„Нељубов“ исто така беше номиниран за наградата „Оскар“ во категоријата Најдобар филм од странско говорно подрачје, а победникот ќе биде објавен на 4 мат 2018 година. Исто така, филмот ја доби и наградата на жирито на минатогодишниот Кански филмски фестивал.

Во филмот се зборува за дете кое е несакано од мајка му и татко му – нивниот син станува исчезнато лице. Звјагинцев ја разбранува Европа уште со неговиот прв филм „Враќање“ (2003), кој беше награден со Златен лав на Венецискиот филмски фестивал 2003 година. И другите негови филмови имаат добиено награди, вклучувајќи ги „Левијатан“ (2014) за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал во 2014 година.

Прочитајте повеќе: Новиот филм на Звјагинцев „Нељубов“ руски кандидат за „Оскар“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња