26 храмови ширум Русија добија тактилни икони за луѓе со слаб вид

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Иконите се работени во дрво со техника на длабок релјеф.

Икони изработени со уникатна техника на дрворез, наменети за слепи и луѓе со слаб вид, добија 26 цркви во разни градови на Русија, изјави за ТАСС скулпторот по образование и иконописец Олег Зон.

„Тоа се посебни икони кои можат да се допрат со раце за да се опипа ликот на светецот. Изработени се во техника на висок релјеф, односно тоа се резбaни икони кои можат да се разберат тактилно“, рече тој.  

Како што истакна Зон, соработниците на неговата иконописна работилница веќе доставиле икони до храмовите во Подмосковје, Тверската и Ижевската област.

„Храмот на Борис и Глеб“ во градот Раменское во Московската област ќе ја добие деновиве нашата 26 по ред икона на Свети Лука (Војно Јасенецки), архиепископот Симферополски и Кримски“, рече Зон.

Тактилните икони се наоѓаат и во храмовите на Московската духовна академија во Троице-Сергиевата лавра, како и во подворјето на лаврата, во храмот посветен на јавувањето на Мајката Божја на преподобниот Сергиј Радонешки на просторот на домот за глуви и слепи деца.

Погледнете десет московски храмови од кои запира здивот