Чувашката народна академија на науките и уметностите на Република Чувашија (Руска Федерација) му го додели признанието „Почесна грамота“ на Манојлов за неговото поетско творештво, за ширење мир и љубов меѓу народите во светот, како и за песна посветена на чувашкиот народ и Република Чувашија.
Исто така, Чувашката народна академија ќе го прогласи Манојлов и за нејзин дописен член.
Панде Манојлов е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонско научно друштво-Битола, и е автор на 22 книги поезија, проза и театарска критика, пренесува порталот a1on.mk.
А кој руски писател доби награда во Македонија, прочитајте во Ерофеев и Памук добитници на наградата „Табернакул“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче