Четири поетски љубовни приказни

Д.Философов, Д.Мережковски, Зинаида Гипиус, В.Злобин 1919-1920.

Д.Философов, Д.Мережковски, Зинаида Гипиус, В.Злобин 1919-1920.

wikipedia.org
По празникот на љубовта и на виното, „Руска реч на македонски“ ви претставува интересна сторија за четири љубовни приказни на четири поетеси и нивните избраници од светот на руската литература.

Зинаида Гипиус и Дмитриј Мережковски

Поетесата Гипиус и религиозниот филозоф и писател Мережковски, кој е и основач и теоретичар на рускиот симболизам, се една од најпознатите пиателски двојки на Сребрениот век на руската литература. Сопружниците се стремеле да изградат смејни односи од иднината, во кои лежи основата на филозофијата на Мережковски за скоро настапување на Царството на Третиот Завет, кое ќе ги зближи уметноста и религијата, и ќе го замени христијанскиот аскетизам. Со други зборови, тие мечателе да создадат миникомуна, во која „слободната љубов“ ќе се преплетува со блискоста на светогледот на учесниците. Тие заедо проживеале 52 години, како што пишува Гипиус во своите мемоари, „не разделувајќи се ниту на еден ден“, иако секој настрана си имал своја романса.

Марина Цветаева – Осип Мандељштам

РИА Новости; ТАССРИА Новости; ТАСС

Овие двајца поети биле луѓе од различни светови: тој бил син на еврејски трговец, а таа ќерка на почесен професор на Московскиот државен универзитет и основач на престолнинскиот Државен музеј за ликовна уметност „А.С. Пушкин“.

Нивната романса траела само половина година – од февруари до јуни 1916 година. На почетокот нивните односи биле исполнети со заемно восхитување, но наскоро тие прераснале во студенило. Цветаева лесно се вљубувала, и нејзиниот интерес за Мандељштам почнал нагло да гасне. Поетесата дошла до заклучок дека, без оглед на тоа што Осип е добар, тој е „страшно слаб и себељубив“. Таа се надевала дека Мандељштам некогаш ќе научи да сака „не во свое име, ами во име на оној што го сака“. Нивната кратка бурна романса има оставено во историјата на литературата неколку трогателни стихотворби, напишани од двајцата поети.

Ана Ахматова – Николај Гумиљов

Л.ГородецкиЛ.Городецки

Првата средба се случила кога таа имала 14, а тој 17 години. Гумиљов бил тивко болежливо момче, го привлекувал Оскар Вајлд и мечтаел за чиста, сеопфатна љубов. Имитирајќи го својот идол, младиот романтичар носел цилиндер и понекогаш ја кадравел косата. Ахматова била чиста спротивност: жива, непосредна, дрска, страсна почитувачка на Бодлер.

Гумиљов се вљубил во неа на прв поглед, но неговата љубов не била возвратена: таа сметала дека тој е чуден и дури малку и му се потсмевала. Тој три пати ја запросувал, а таа го одбивала. Гумиљов избегал во Франција за да ја заборави; се обидел да си го одземе животот – најпрво сакал да се удави во Трувил, потоа испил отров во Булонската шума, но секој пат го наоѓале и го спасувале.

Во 1909 година поетесата сепак се согласила да се омажи за Гумљов. Тие биле во брак 8 години, но голем дел од времето Николај поминувал во странство – тој патувал низ Африка и низ Европа. Нивниот син Лев го воспитувала мајката на Гумиљов. На крајот, во 1919 година тие се развеле.

По две години од разводот, Гумиљов бил стрелан според лажно обвинение за заговор. Ахматова внимателно ги чувала стиховите на Гумиљов и посветила многу време и големи сили за нивно издавање.

Бела Ахмадулина – Евгениј Евтушенко

В.Малишев / РИА Новости; Валентин Вастиков, Владимир Савостјанов / ТАССВ.Малишев / РИА Новости; Валентин Вастиков, Владимир Савостјанов / ТАСС

Ахмадулина и Евтушенко се претставници на поетите од шеесеттите години од минатиот век. Нивните имиња се асоцираат со епохата на „затоплувањето“, во времето кога со СССР раководел Никита Хрушчов. Поетите се запознале уште во 1954 година, по три години се венчале, а по следните три се развеле. Според Евтушенко, нивниот брак не бил едноставен, тие многу се карале, но бргу се смирувале. Според сеќавањата на нивните современици, Бела била убавица, околу неа постојано имало поклоници, а љубоморниот маж ја ранел козата на нивниот сосед со букетите што ѝ ги испраќале.

Преломен момент во нивниот брак била неочекуваната бременост на Ахмадулина. Евтушенко во тоа време не сакал да има деца, па на негово настојување Бела абортирала. По овој настан нивните односи конечно се заладиле, што довело до развод.

По разводот Евтушенко изјавувал дека „нивната љубов не умрела, туку дека престанала да постои“. Дури еднаш и се обидел да ја врати Ахмадулина.

Без оглед на сложените ситуации, поранешните сопружници сепак успеале да останат пријатели. И кога Евтушенко се женел за својата последна жена Марија, Бела дури и дошла да им помогне во сервирањето на свадбената маса.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња