Руска рок група ја доби престижната британска награда Video Awards 2017

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Спотот чија содржина забавено се прикажува наназад, т.е. од крајот до почетокот, стана голем хит со повеќе од 15 милиони прегледи на „Јутјуб“.

Популарната руска рок група „Ленинград“ ја доби наградата за најдобри визуелни ефекти на британските Music Video Awards 2017. Награден е спотот за песната „Кольщик“ (Тату-уметник).

Видеото е режирано од Иља Најшулер. Тој е познат по видеото за песната False Alarm на групата The Weeknd и филмот „Хардкор Хенри“. Го режираше и спотот за најновата песна „Војаж“ на групата „Ленинград“.