Руската оперска певица Ана Нетребко.
AFP / East NewsМагазинот „Форбс“ објави листа на најплатените руски музичари.
Првото место го зазема Ана Нетребко, со годишен приход од 7,5 милиони долари.
На второто место се најде Филип Киркоров со приход од 7,4 милиони долари. Како што истакнува изданието, изведувачот се наоѓа секој година на листата од почетокот на објавувањето на рејтингот на руските музички ѕвезди од 2005 година.
Третата позиција му припадна на раперот Тимати (6,6 милиони). По него следуваат Дима Билан (6 милиони), Григориј Лепс (6 милиони), групата „Би-2“ (5,7 милиони долари).
Меѓу првите десет се најдоа и Сергеј Шнуров (5 милиони), Земфира (5 милиони), Николај Басков (4,3 милиони) и Егор Крид (4 милиони).
Претходно беше соопштено дека хокеарот Александар Овечкин и пејачот Филип Киркоров се најдоа на листата на најпознати руски лица за 2017 година според верзијата на „Форбс“, пренесува „Газета.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче