Новото видео на групата „Ленинград“ погледнато над 3 милиони пати

Сергеј Шнуров од групата „Ленинград“ на настап во Сочи, Русија.

Сергеј Шнуров од групата „Ленинград“ на настап во Сочи, Русија.

Александар Рјумин/ТАСС
Новото видео на групата „Ленинград“ за еден ден има 3 милиони прегледи на „Јутјуб“.

Новото видео на групата „Ленинград“ за песната „Ч.П.Х“, во кое се прави пародија на главната рап битка во 2017 помеѓу руските рапери Oxxxymiron (Мирон Фјодоров) и Гнојни (Вјачеслав Машнов/Карелин) доби повеќе од 3 милиони прегледи за 24 часа од објавувањето.

Видеото беше објавено на официјалниот канал на група на „Јутјуб“.

 

Покрај музичарите, во видеото се појавуваат и новинарот Александар Невзоров и фудбалерот Александар Кержаков.

На средината на видео записот песната запира и почнува рап битка помеѓу Сергеј Шнуров и раперот ST (Александар Степанов), кој ја изгуби битката со Oxxxymiron.

Претходно на „Јутјуб“ беше објавен запис од „историската“ рап битка на годината во која учествуваа Oxxxymiron и Гнојни. Битката се одржа на 6 август во Санкт Петербург. Петмина судии му ја доделија победата на Гнојни, а за Oxxxymiron тоа беше прв пораз. Видео записот досега има повеќе од 20 милиони прегледи.

Групата „Ленинград“ се стекна со уште поголема популарност по музичкото видео „Експонат“, кој на „Јутјуб“ досега има повеќе од 112 милиони прегледи. Истовремено, друго видео на групата „В Питере – пить“, кое има повеќе 46,5 милиони прегледи, вознемири некои руски пратеници кои бараа да се провери видеото за пропаганда на екстремизам, пишува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња