Старите песни во дигитална форма

Извор: РИА Новости.

Извор: РИА Новости.

Многумина од нашите читатели нè прашуваа како можат да дојдат до старите руски песни, кои своевремено ги слушале. Имаме изненадување за вас! На сајтот на најстарата дискографска куќа во Русија „Мелодија“ сега имате можност да симнете цели албуми или определени песни во дигитална верзија.

Дискографската куќа „Мелодија“ на својот сајт започна со продажба на музика од своите архиви во дигитална форма. Сајтот деновиве беше обновен и дополнет, а сето тоа е во чест на педесетгодишнината од најстарата дискографска куќа во Русија, изјави за РИА Новости генералниот директор на „Мелодија“ Андреј Кричевски. 

Сега на сајтот на „Мелодија“ љубителите на музиката ќе можат не само да купат дискови, како што беше тоа случај порано, туку и да симнуваат во дигитална форма албуми или определени песни кои ним им се допаѓаат. 

„Направивме нов сајт, а со него беше планирано одново да биде пуштена и Интернет-продавницата. Прашањето беше: Што ќе се продава? Денес продажбата на физички носители на звук на „Мелодија“ е добра, но останатиот музички свет со тешкотии преживува на пазарот на дискови. За нас беше очигледно дека „Мелодија“ треба да започне да ги продава своите производи во дигитална форма, која во моментов е еден од основните ориентири на музичкиот пазар“, објаснува Кричевски.

Во моментов музичките нумери можат да бидат симнати во wav-формат, додека нешто подоцна ќе бидат достапни и во форматите mp3 и flac-формат. 

Според него, во „Мелодија“ постои голем интерес за овој проект и смета дека „не се работи толку за тоа дека во оваа технологија е иднината, колку што едноставно соодветствува на тенденциите, иако нашата увереност во винилот и во дисковите продолжува“. 

Во моментов од уникатната колекција на „Мелодија“, која брои неколку стотици илјади записи, ќе бидат достапни повеќе од четири илјади наслови. Во иднина продавницата постојано ќе го дополнува својот асортиман.

Цената на една нумера на сајтот на „Мелодија изнесува 12 рубли, а цената на цел албум се движи помеѓу 59 и 120 рубли. 

„Засега станува збор за продажба на нумери за кои правата ги има исклучиво ‘Мелодија’. Сега ја пуштивме во работа продавницата, ја тестираме колку успешно ќе работи. Доколку сè тргне како што треба, ќе почнеме да склучуваме договори со други иматели на права, за песни за кои ние го немаме целосното право, туку, на пример, со туѓи авторски права и ќе продаваме сè што имаме во архивите“, ветува генералниот директор на компанијата. 

Цената на една нумера на сајтот на „Мелодија изнесува 12 рубли, односно 18 денари, (за споредба цената на една нумера на iTunes се движи помеѓу 24 и 29 денари), а цената на цел албум се движи помеѓу 59 и 120 рубли (88-180 денари). 

„Кога станува збор за политиката на цени се обидовме да ги земеме предвид пазарните тенденции, но притоа сакавме да им појдеме во пресрет на љубителите на музиката и да ги намалиме цените, па, како што можете да видите, цените на нумерите се нешто пониски одошто, на пример кај iTunes“, додава Кричевски. 

За сите нумери што се продаваат во дигитална верзија, можно е пробно слушање без регистрација на сајтот.

Доколку и вие сакате да купите нешто од руската музика или едноставно да ја разгледате понудата на дискографската куќа, тоа можете да го направите на следнава Интернет-адреса: http://www.melody.su  

Сите композиции се со максимален квалитет. Во моментов тие можат да бидат симнати во wav-формат, додека нешто подоцна ќе бидат достапни и во форматите mp3 и flac-формат. Во интерес на купувачите плаќањето може да се изврши со платежни картички, со електронски пари, како што се на пример WebMoney, Qiwi, Яндекс.Деньги и на други начини.

РИА Новости.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња