Прва победа за Русија на СП во Шпанија

Русија победи во вечерашниот натпревар на СП во Севиља.

Пред малку во Севиља заврши вториот натпревар од групата „Б“ на СП во ракомет во кој селекцијата на Русија го совлада Исланд со 30:25!

Натпреварот беше одлучен во последните 8 минути од второто полувреме, кога руската селекција заигра цврсто во одбраната и извонредно ефикасно во нападот.

Во првиот натпревар од оваа група во попладневниот темин, селекцијата на Македонија го совлада Чиле со 30:28.

Утре (13.01), Русија во вечерниот термин од 20.15 минути го игра својот втор натпревар против големиот ривал, селекцијата на Данска, додека Македонија во 18 часот се среќава со Катар, а претходно во 15.45 минути играат Чиле и Исланд.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња