Фјодор Бондарчук, син на легендарниот режисер на „Војна и мир“, Сергеј Бондарчук, и самиот искусен и доста успешен режисер, оваа година ќе се престави со филмот „Сталинград“ - љубовна историја на фонот на една од најстрашните битки во историјата на човешството. Буџетот за филмот ќе изнесува околу 30 милиони долари, а филмот ќе се снима директно во 2D, 3D и IMAX. Творештвото на Бондарчук е доста разнолико, па овој пат ќе имаме шанса да добиеме пред нас моќен филм за еден од најстрашните и славни епизоди од Втората светска војна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче