На местото на Годината на историјата ќе дојде Годината на заштитата на животната средина, што ќе биде повод во Русија да се одржат многу меѓународни собири. Во февруари во Санкт Петербург ќе се одржи конференција на државите од Балтичкиот регион за заштита на екологијата на Балтикот. Во првата половина на годината во Москва ќе се одржи серуската конференција за заштита на шумите.
Министерството за образование и наука Рускиот хидрометеоролошки завод ќе организираат во јули-август морски експедиции, насочени кон изучување и зачувување на животната средина во Балтичкото, Баренцовото, Белото и Карското море.
Се планира и воведување на „зелена линија“, каде граѓаните ќе можат да заѕвонат и да постават прашања или да се пожалат околу за заштитата на животната средина.
Кон крајот на годината се планира конгрес на еколози, на кој ќе се определат заклучоците и плановите за иднината.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче