Претпријатието „Севмаш“ на 30 декември 2012 ја спушти во вода втората подморница од проектот 955 „Бореј“ - атомско подводно пловило од стратешко значење - „Владимир Мономах“. Испитувањата на способностите на оваа подморница ќе започнат во 2013 година. Спуштањето во вода го изврши заменикот-минситер за одбрана, Јуриј Борисов со генералниот директор на „Севмаш“.
Подморницата „Владимир Мономах“ почнала да се гради во Северодвинск на 19 март 2006 година. Подморницата спаѓа во четвртата генерација на стратешки подморници, и е конструирана од петербуршкото Централно конструкторско биро за морска техника „Рубин“.
Подморницата е опремена со 16 лансери за меѓуконтинентални балистички проектили Р-30 „Булава-30“ и шест торпедни цевки со калибар 533 милиметри.
Министерството за одбрана на Русија планира да изгради 10 ракетни подморници од овој вид.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче