Синоќа се случил земјотрес во Сочи.
Синоќа се случил земјотрес во Сочи. „Масите, мебелот и лустерите се тресеа во становите, а станарите во паника побрзаа надвор“, изјави Елена Карпович, директор на Сеизмичката станица во Сочи.
„Земјотресот се случи во
02:44 часот по Московско време и беше со интензитет од 5,5 степени. Се
претпоставува дека епицентарот на земјотресот е во Абхазија“, изјави
Карпович.
Заменик-шефот на Краснодарската територијална бригада за итни случаи,
Николај Шустов, го потврди земјотресот. „Нема поголеми штети или
евентални жртви“, изјави тој.
Рускиот
претседател Владимир Путин, веднаш нареди Министерството за вонредни
состојби да преземе мерки за проверка на безбедноста на сите локации и
објекти наменети за Олимписките игри.
„Претседателот му нареди на Министерот за вонредни состојби да ги
провери последиците од потресот во Сочи и другите градови и особено да
се концентрира на недовршените објекти за да се увери дека не се
оштетени“, рече портппаролот Дмитриј Песков.
Соодветното Министерство е
веќе на терен каде се вршат неопходните проверки. Резултатите ќе му
бидат соопштени на претседателот наскоро, потврди портпаролот
Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.