Американците сакаат да го вклучат и претседателот на Русија, Владимир Путин во „списокот Магнитски“. На соодветната петиција веќе се собрани шест илјади потписи, која е поставена и на сајтот на Белата куќа.
Американците ќе го преземат тој чекор, доколку рускиот лидер го потпише законот за забрана за посвојување на деца на граѓани на САД.
„Го молиме претседателот Барак Обама, да спроведе санкции на Путин“, стои во текстот на петицијата.
Претходно на официјалниот сајт на Белата куќа беше објавено давање на потписи за поддршка на петицијата по повод донесениот закон во Државната Дума т.н. „законот на Јаковлев“ со кој се им се забранува на американците посвојување на руски деца.
Оваа група смета дека во „списокот на Магнитски“ треба да бидат вклучени сите кои го подржале овој закон во Русија, вклучително и тој што го потпишал – претседателот Путин.
На петицијата се потпишале повеќе од 48 илјади лица, а според американските закони, за петицијата да биде разгледана од претседателот, потребни се 25 илјади потписи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче