Русија стравува од победа на сириската опозиција

Руската дипломатија јавно призна дека е можен пораз на моменталниот режим во земјата

Руската дипломатија јавно призна дека сириските власти ја губат контролата над состојбата во земјата, а со тоа и можноста за победа во речиси двогодишната граѓанска војна.

„Треба да се соочиме со фактите. Трендот покажува дека режимот и владата во Сирија имаат сѐ помалку контрола врз територијата. За жал, не можеме да ја исклучиме победата на сириската опозиција“, изјави заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Михаил Богданов.

Истовремено сириските борци се заканија дека државјаните на Русија, Украина и Иран, како и на амбасадите од тие земји, ќе бидат „мета за нивните сили“, како и дека „тие луѓе не се пуштаат живи од Сирија“.

Управата на дипломатското претставништво на Русија веќе презеде вонредни мерки за сигурност. Наредбата за евакуација на руските државјани сѐ уште не е донесена. Меѓутоа, соопштено е дека е разработен план за евакуација на руските граѓани од Сирија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња