Според резултатите на истражувањето на новосибирските научници, препаратот против големите сипаници ќе биде готов до 2020 година. Извор: АР.
Научниците на Државниот центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор‘‘ од Новосибирск, објавија дека нашле лек против големите сипаници (Variola vera). Оваа страшна заразна болест денес се смета за победена, зашто вирусот исчезна од човековата популација во 1980, благодарение на глобалната превентивна вакцинација. Сепак, ако повторно се појави, тоа би било катастрофа од светски размери, зашто по 1980 година вакцинацијата беше запрена. Новиот вирус би можел да убие милиони, а можеби и милијарди луѓе. Токму поради оваа причина вирусот е зачуван на две места во светот: во Атланта (САД) и во Новосибирск. Според изјавата на Лариса Шишкина, директор на Одделението за превенција и лекување на исклучително опасни заразни болести на институтот „Вектор‘‘, никој не би се занимавал со овој вирус, кога не би постоела можност за негово враќање: во теорија, в Ова страшна заразна болест данас се сматра побеђеном зато што је вирус нестао из људске популације 1980. захваљујући глобалној превентивној вакцинацији. Ипак, ако се поново појави, то би била катастрофа светских размера зато што је вакцинација после 1980. престала. Нови вирус могао би да убије милионе, можда и милијарде људи. Управо из овог разлога вирус је саирусот би можел да биде употребен од страна на терористи. Со оглед на тоа дека луѓето повеќе немаат никаков имунитет на него, ризикот е голем.‘‘
Институтот „Вектор“ спаѓа вомала група установи во светот, кои на таканаречената скала на билошка цигурност ја имаат највисоката ознака „BSL-4‘‘. Тоа дека во него се истражуваат најсмртоносните вируси и биолошки агенси.
Научниците на „Вектор“ ги истражуваат препаратите против големите сипаници веќе 10 години, а од 2008 работат на препарат кој е аналоген на американскиот ЅТ-246, кој досега беше единствената позната супстанца која има влијание врз сипаниците. На напорите да се синтетизира сосема нов препарат им се приклучи и Инститиутот за органска хемија на Сибирскиот оддел на Руската академија на науките. Големиот труд вроди со плод: новата супстанца, наречена „НИОХ-14‘‘, спречува да се размножи вирусот. Прелиминарните истражувања применети врз ќелии и врз животни покажаа дека лекувањето е 100% успешно, ако почнува да се применува во првите три дена од инфекцијата. Според зборовите на Шишкина, лекот ќе биде готов до 2020. Тогаш ќе биде можно луѓето да се лекуваат од големите сипаници со помош на една кутија капсули или таблети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче