Москва се надева дека смртоносните напади во Париз ќе предизвикаат промена во приоритетите на САД и НАТО-земјите, изјави во неделата заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков, пренесува агенцијата „Спутник“.
„Се надеваме дека настаните во Париз можеби најпосле ќе ги постават работите на свое место и малку ќе ги променат приоритетите на нашите колеги во Вашингтон и другите главни градови во НАТО “, изјави Рјабков за новинарите.
Во петокот, 13 ноември, терористи вооружени со експлозивни појаси и автоматско оружје убија 129 лица и ранија десетици во напади во ресторани, концертната сала „Батаклан“ и во близината на стадионот „Стад д Франс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче