Во Брисел е одобрен заеднички полско-холандски проект за основање телевизиски канал на руски јазик. Идејата не е нова и повеќе од година дена под изговор за борба против руската пропаганда безуспешно ја промовираат балтичките земји. Гледачите на „вистинитиот“ канал би требало да бидат жителите на Русија и постсоветските простори, а не европските Руси, пишува порталот „Rubaltic.ru”.
Медиумот наведува дека Полска заедно со балтичките земји традиционално настапува во улогата на „тројански коњ”, чија задача е конечна дезинтеграција на постсоветскиот простор. По преседанот на Крим властите во Литванија, Естонија и Летонија наеднаш се сетија дека голем дел од нивното население се Руси, од кои поголемиот дел престојува во „туѓ“, руски информативен простор.
Изданието наведува дека сега и Полјаците се сетиле на идејата за „вистинит“ канал на руски јазик. Нивниот министер за надворешни работи Гжегож Схетина соопшто за полско-холандска иницијатива за проект во чии рамки нема да се користи „јазик на пропаганда и агресија“.
„Очигледно е дека Русија ќе биде главната цел за емитување „вистинити“ емисии на европскиот канал на руски јазик, а како основен интерес за тоа Полска ги смета претстојните претседателски и парламентарни избори. Така по пат на емитување на руски канал полските власти ќе ја поддржуваат опозицијата и „борците против путиновиот режим”, наведува изданието.
Освен тоа, полско-холандската телевизија може да биде употребена и за рехабилитација на проектот „Источно партнерство”. Како што се наведува, покрај Русија и источноевропските земји, каналот ќе се емитува и во Молдавија, Украина, Ерменија и Белорусија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче