Новиот терористички чин во Ирак ја потврдува потребата за обединување на целата меѓународна заедница во борбата против тоа зло, соопшти МНР РФ во саботата.
„На 17 јули, на денот на муслиманскиот празник Ид ал-Фитр во ирачкиот град Хан Бани Саад се случи експлозија на автомобил со жртви, според информациите на медиумите, од над 100 луѓе“, се вели во коментарот.
Одговорноста за ова зосторство ја презеде терористичката група „Исламска држава“.
Русија „решително го осудува уште едно крваво злосторство на терористите, им изразува искрено сочувство на роднините и блиските на загинатите и им посакува оздравување на ранетите“. „Ја потврдуваме својата солидарност со народот и раководството на Ирак, нашата поддршка во нивната борба со тероризмот“, потенцира министерството.
Москва е убедена дека „новата трагедија што се случи на ирачка земја треба да послужи за земјите од регионот и целата меѓународна заедница како моќен стимул за обединување на напорите за спротивставување на глобалната терористичка закана во согласност со нормите на меѓународното право“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче