Никакви зделки во замена за успех на преговорите за иранската нуклеарна програма САД не ѝ предлагале на Русија, а и да имало, Москва не би ги разгледувала. Ова го изјави заменик-министерот на МНР РФ Сергеј Рјабков зборувајќи на состанокот на меѓународниот клуб „Триалог“. Делови од неговиот настап наведува сајтот на ПИР-центарот (руска НВО што се занимава со прашања од меѓународната безбедност, неширењето на нуклеарното оружје и разоружувањето).
„Што се однесува до можни размени или зделки по прашања кои не се однесуваат директно на иранските преговори, тогаш мојот одговор ќе биде негативен“, потенцираше дипломатот. „Ништо слично САД не ни предложиле. Згора на тоа, не мислам дека тие, во принцип, можат нешто слично да предлагаат, а ние, во принцип, да можеме да разгледаме нешто слично на тоа“.
На 14 јули Иран и „шесторката“ (петте постојани членки на СБ ООН и Германија) го завршија повеќегодишниот маратон на изработка на договор за решавање на иранското нуклеарно прашање на Исламската Република Иран. На крај беше договорен заеднички сеопфатен план на активности кој се состои од основен документ и пет технички прилози.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче