„Гаспром” во очајнички обид да најде заеднички јазик со Турција привремено го запре инвестирањето во проектот „Јужен коридор” преку кој би се испорачувал гас до идниот гасовод „Турски тек”. Поради тоа неговата сила ќе биде преполовена, а обемот на гас што ќе биде танспортиран ќе изнесува најмногу 32 милијарди кубни метри годишно, пишува „Комерсант” повикувајќи се на извор од пазарот на гас.
Гасоводот „Јужен коридор” се гради од 2012 година за да може гасот да биде испорачуван до новиот гасовод во Црното море. Како што изјави изворот, рускиот гасен холдинг од 1 јуни ги запрел работите за изградба на источната делница, која е најдолга и истовремено и најскапа. „На линеарната дистанца на западниот крак потребно е само да се зголеми силата на компресорските станици, додека изградбата на источниот дел е фактички на самиот почеток“, објасни изворот.
Како што наведува изданието, пред три месеци извори од „Гаспром“ тврдеа дека компанијата и понатаму има намера да го изгради „Јужниот коридор“ во целост, и покрај неизвесноста окоу тоа како ќе стигнува гасот до Европа.
„Јужен коридор” првобитно беше наменет за испорака на гас до гасоводот „Јужен тек“ кој требаше да поминува по дното на Црното море од Русија во Бугарија. По откажувањето ан овој проект „Јужен коридор“ беше пренасочен на „Турски тек”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче