Владата на Русија го обнови списокот на санкционирани производи

Владата на РФ соопшти дека го продолжи производственото ембарго против ЕУ, САД, Канада, Австралија и Норвешка заклучно со 5 август 2016 година.

Согласно соопштението на руската влада, од обновениот список со санкционирани производи се исклучени биоматеријалите за аквакултура – млади дагњи, школки и пастрмки.

Дополнително владата ги заостри барањата за увоз на безлактозни производи во рамките на ембаргото на производи. Сега таквата роба може да се увезува во Русија, единствено ако е сертифицирана како производ за лекување или профилактика. Исто така, на списокот со санкции се најдоа и прехранбени или готови производи произведени со технологија за производство на кашкавал и кои имаат 1,5% или повеќе масленост.

Останатиот дел од списокот остана непроменет. Во него влегуваат говедското, пилешкото, свинското место, млечните производи, живата, оладена и замрзната риба и раковидни животни, јаткастото овошје, овошјето и зеленчукот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.