Руските борбени хеликоптери Ка-52К ќе бидат тестирани за прв пат во борбите со „Исламска држава“ во Сирија со противтенковските водени проектили (ПТУР) „Хермес“, пишува весникот Известија.
„Тестовите во реална борба ќе помогнат да се доработи ракетниот комплекс, кој треба да се прифати на листата на активно оружје за руските борбени хеликоптери Алигатор. Донесена е одлука „Хермес“ да бидат тестирани во сложени услови на бродско базирање“, пишува весникот , повикувајќи се на свој извор во воено-индустрискиот комплекс на РФ.
Според податоците од Известија, благодарение на новото оружје хеликоптерот Ка-52К ќе може да уништуваат тенкови на противникот, утврдувања и жива сила на растојание до 30 километри. Притоа дострелот на аналогните руски и странски системи („Атака“, „Вихр“, Hellfire и др.) е помала од 10 километри.
Според зборовите на полковникот во пензија и воен експерт на ТАСС Виктор Литовкин „Хермес“ ќе се користи за напади врз добро заштитени објекти на екстремистите - претпријатија за производство на оружје и рачноизработени бомби, а исто така и за командни пунктови и привремени огнени капацитети.
„Според резултатите од борбената употреба ќе биде донесена одлука: дали комплексот треба да се доработува или ќе биде примен во вооружувањето“, истакнува експертот.
Како што забележуваат експертите со кои контактираше „Руска реч на македонски“ клучна карактеристика на новата ракета е нејзината можност да уништува „зад хоризонтот“. Благодарение на комбинираната глава за самонаведување со инфрацрвен сензор и ласерски канал за наведување таа може самостојно да ги уништува оклопните возила на противникот, па дури и доколку тие се наоѓаат надвор од зоната на видливост на екипажот на хеликоптерот.
„Исти тактички задачи може да врши и израелскиот комплекс Spike-NLOS кој се монтира на шасија со тркала. Но, рускиот „Хермес“ може да се користи како со копнена верижна техника, така и со хеликоптери и бродови. Нашиот е поуниверзален“ изјави во интервју за „Руска реч на македонски“ извор од Министерството за одбрана на РФ.
Тој вели дека официјалните податоци за ракетата ќе бидат обелоденети кога таа ќе биде примена во вооружувањето. „Во моментов може да се каже само дека нејзиниот дострел суштински го надминува оној на странските противтенковски комплекси, кои уништуваа максимално на 10 километри“, вели соговорникот за „Руска реч на македонски“.
Како што додаде тој, на боевиот дел на ракетата може да биде и кумулативен, и шрапнелно-фугасен.
Борбените хеликоптери Ка-52 „Катран“ се создадени за француските десантни бродови од типот „Мистрал“.
Но, според професорот од Академијата за воени науки Вадим Козјулин, под притисок на сојузниците од НАТО Франсоа Оланд беше принуден на раскинување на договорот за испорака на бродовите во Русија. На крајот „Мистрал“ заминаа за Египет, а веднаш потоа Каиро купи од Москва серија од 50 руски „Катрани“.
Беше донесена одлука со останатите хеликоптери да биде вооружен носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, а на крајот на годината тие ќе го имаат своето „огнено крштевање“.
Како што забележува експертот, „копнените“ верзии на Ка-52 добро се претставија во текот на сириската кампања. Покрај тоа новите машини треба да ги покажат борбените можности на идните купувачи.
Хеликоптерот може да користи ракети „воздух-воздух“ Р-73 и „Игла-В“, самонаведувачки ракети од класата „воздух-земја“ и противтенковски водени проектили „Хермес“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче