Глобалното затоплување ќе го прошири полето на ширење на вирусите

Руските научници сметаат дека поради глобалното затоплување, Русија губи големи делови копно на Арктикот. Итно се потребни планови за адаптирање на климатските промени.

Руските научници сметаат дека поради глобалното затоплување, Русија губи големи делови копно на Арктикот. Итно се потребни планови за адаптирање на климатските промени.

Legion Media
Водечкиот руски вирусолог Михаил Шчелканов, шеф лабораторијата за вирусологија при Биолошко-почвениот институт на Далекоисточниот оддел на Руската академија на науките, за „Руска реч на македонски“ вели дека климатските промени се одразиле на ширењето на вирусите.

Можат ли во Арктикот да се појават нови вируси поради глобалното затоплување?

Михаил Шчелканов: При топење на вечно замрзнатото земјиште на површината можат да бидат одржливи реликтни микроорганизми, вклучувајќи и патогени за човекот и животните.

Глобалното затоплување ќе доведе до проширување на територијата на ширење на вирусите и до зголемување на нивните преносители. Веќе постои модификација на меѓусебните врски во паразитските системи, како што се случува во сите климатски појаси. На пример Кримската-Конго хеморагична треска и треската Западен Нил постепено се поместуваат кон средниот појас.

Северната граница на територијата на ширење на крлежниот енцефалитис исто бавно „плива“ на север. Се менува однесувањето на преносителите на инфекциите. Истите комарци со зголемување на температурата стануваат поагресивни, се поместува нивниот циклус на развој и се зголемува нивниот број.

Што можат да направат вирусите?

М.Ш .: Тие можат да ги нападнат претставниците на сите царства на живата природа. Познати се дури вируси кои паразитираат врз други вируси. Размерот е грандиозен. Вирусите влијаат активно врз процесите на климатските промени на Земјата: цела низа вируси го регулираат бројот на популацијата на фитопланктонот, кој е извор на кислород. Тоа е многу опасно за „оживувањето“ на вирусите при топењето на вечно замрзнатите почви.

Може ли човештвото да се справи на некој начин со вирусите?

М.Ш .: Можеме само да ги намалиме негативните ефекти. Човештвото досега нема победено ниту една природна инфекција, и покрај сите напредоци во биологијата и во медицината. Тие можат да бидат уништени само ако се уништи природната средина. Друго прашање е што ние целосно не сме ги истражиле постоечките екосистеми. Покрај тоа не сите постоечки патогени ни се познати.

Се прават ли во Русија истражувања во оваа област?

М.Ш .: Во Советскиот Сојуз постоеше голем систем за мониторинг во Северна Евроазија. Тогаш науката не можеше да ги идентификува отворените вируси, затоа беа замрзнувани во фрижидери со ниска температура во Државната колекција на вируси. Со распадот на земјата работата престана. Во 2010 година, сепак, беше создаден проект за реанимација на овие вируси и за нивно идентификување.

Тогаш ние успеавме да откриеме над 20 претходно неидентификувани вируси. Сите овие вируси на почетокот ги опишеме во голем број научни трудови во списанието „Прашања на вирусологијата“ ( „Вопросы вирусологии“), а потоа и во нашата монографија „Zoonotic Viruses in Northern Eurasia. Taxonomy and Ecology“.

А имаше ли нови експедиции?

М.Ш .: Во 2015 година, по 25-годишна пауза, Далекоисточниот федерален универзитет и Далекоисточниот оддел на Руската академија на науките ги обновија истражувањата на остров Тјулени во акваторијата на Охотско Море. На оваа мала карпа недостасува вода и поради тоа нема постојано населени луѓе и животни. Затоа, пак, има популации на птици, крлежи и перконоги.

Во 2016 година планираме нова голема експедиција на Шантарските Острови, а од 2017 година, се надевам, ќе започне финансирањето на нашиот проект за изучување на биодиверзитетот на малите острови од Курилскиот архипелаг. Убеден сум дека ќе најдеме десетици нови вируси.

Во Русија до денешен ден постои еден од најдобрите системи во светот за обезбедување на биолошка безбедност. Тоа сепак не значи дека можеме да запреме на тоа и да се откажеме од континуираното усовршување.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња