Mollivirus sibericum има навистина големи димензии – долг е дури 0.6 микрони, што значи дека е видлив и низ обичен оптички микроскоп.
Вирусот го открија руските научници од Институтот за физичко-хемиски и биолошки проблеми на педологијата од Московската област. Сега тие заедно со Францускиот национален истражувачки центар работат на понатамошно „оживување“ на вирусот и на развој на овој проект.
Благодарение на што во Mollivirus sibericum се сочувани примероци на ДНК, научниците веќе успеаја со новиот вирус да заразат неколку амеби. „Проучувањето нови вируси и пронаоѓање методи ќе ни овозможи ситуацијата да ја држиме под контрола“, смета познатиот руски вирусолог Шчелканов. „Глобалното затоплување кое не може да се запре и кое предизвикува топење на мразот на Арктикот, порано или подоцна ќе доведе до несакани последици, така што е подобро за нив да дознаеме навреме“.
Во текот на последниве неколку години во северна Евроазија се откриени 24 до 28 нови видови вирус. Речиси половината од нив се откриени на арктичките острови и во крајбрежниот појас, во Баренцовото море и во Тихиот океан, вели за „Руска реч на македонски“ Шчелканов. Спорд него, сите тие се мина со одложено дејство.
„Денес интензивно се проучуваат и старите предизвикувачи на инфекции кои се изолирани во советско време во рамките на големата програма за мониторинг на опасни вирусни инфекции. Во тоа време не постоеле ефикасни методи за нивно проучување, така што тие биле конзервирани на ниски температури во државната колекција вируси“, објаснува Шчелканов.
Најдлабоките дупки на териториите на кои владее вечна зима, кои се вистинска ризница за вируси, се наоѓаат во Русија, во Јакутија и на Колскиот полуостров. Истиот руско-француски тим во 2013 година откри еден друг џиновски вирус – Pithovirus sibericum.
Засега не се знае колку овие вируси се опасни за човекот. Mollivirus sibericum има над 500 гени, а мегавирусот Pandoravirus има 2.500 гени, додека вирусот на грипот од типот А нема повеќе од 11 гени. Но, според мислењето на стручњаците, тоа не може да биде показател колку некои вируси се опасни. „Вирусите се внатреклеточни паразити и поефикасни се кога имаат помал број гени“, објаснува Шчелканов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче