Путин бара извинување од Турција, Ердоган одбива

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара извинување од највисокото турско раководство, надомест на штетата и казнување на виновниците за соборувањето на Су-24 во Сирија.

Турција би постапила  поинаку доколку знаела дека соборениот авион бил руски, изјави претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Взгљад“.

„Да знаевме дека авионот беше руски, можеби ќе го предупредевме на поинаков начин“, рече Ердоган во интервју за „Франс 24“, пренесе агенцијата „Франс-Прес“.

Турскиот претседател изјави дека наводно се обидел да стапи во телефонски контакт со неговиот руски колега Владимир Путин по соборувањето на Су-24, но рускиот претседател не му се јавил.

Ердоган претходно во четвртокот за телевизијата „Си-Ен-Ен“  изјави дека Турција нема да се извини, туку ќе продолжи да постапува како во случајот со рускиот авион со сите авиони кои ќе ги нарушат нејзините граници.

Исто така, Ердоган изјави дека му предложил на Путин средба во Париз на 30 ноември, но дека одговор сѐ уште нема добиено.

Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека не се разгледува одвоена средба меѓу Путин и Ердоган на маргините на климатскиот самит во Париз што треба да се одржи на 30 ноември.

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин денеска побара извинување од највисокото турско раководство, надомест на штетата и казнување на виновниците за соборувањето на Су-24 во Сирија.

Путин е убеден дека постапките на турското воено воздухопловство се косат со меѓународното право, но Анкара засега тоа не го признава.

„Тоа што се случи пред два дена на небото над Сирија им противречи на здравата смисла и меѓународното право. Авионот беше соборен на сириска територија. Притоа ние сѐ уште не слушаме ниту јасни извинувања на највисоко политичко ниво од Турција, ни предлози за надомест на штетата, ни ветувања за казнување на злосторниците за стореното злосторство“, изјави рускиот претседател, пренесува РИА „Новости“.

Путин додаде дека е невозможно да се оцени оваа ситуација освен како предавство, особено имајќи го предвид фактот дека Москва ја сметала Анкара за свој партнер и сојузник.

„Не можам да не кажам дека ги сметаме за апсолутно необјасниви предавничките забивања нож во грб од оние во кои гледавме партнери и сојузници во борбата против тероризмот“, рече рускиот лидер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња