Пилотот на соборениот од турската авијација Су-24 изјави дека екипажот го познавал теренот каде се случи катастрофата „како своите пет прсти“, пишува „Взгљад“.
Според него, никакви предупредувања од Турција немало. „Всушност немаше никакви предупредувања. Ни по радио-врска, ни визуелно. Воопшто немаше контакт. Затоа зазедовме борбен курс во нормален режим“, изјави тој.
„Треба да се разбере колкава е брзината на бомбардерот, а каква е на ловецот Ф-16. Доколку тие сакаа да нѐ предупредат, тоа можеа да го покажат со тоа што ќе заземеа паралелен курс. А вака ништо немаше. И ракетата наиде на опашката на нашиот авион одненадеж. Ние дури и визуелно не ја гледавме за да успееме да направиме противракетна маневра“, додаде тој.
Пилотот исто така кажа дека сака да остане да служи во составот на авио-групата на Русија во Сирија. „Се разбира, со нетрпение чекам да ме испишат (од болница) и веднаш да се вратам во строј. Ќе барам од командата да ме остават во оваа база – треба да им вратам „мал долг“ за командирот“, изјави навигаторот на Су-24.
Навигаторот на авионот беше спасен во текот на операцијата за потрага од страна на руските и сириските специјалци. Во операцијата ВКС Русија загубија еден хеликоптер – леталото беше погодено од огнено оружје при што еден војник загина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче