- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
1. Во Екатеринбург е -30 ℃. Поради ниските температури градските тролејбуси и трамваи беа принудени да ја намалат брзината на 20 до 25 км/ч за да избегнат дефекти. А вака изгледа замрзнатиот кеј на реката Исет во центарот на градот.
Павел Лисицин / Sputnik
2. Жителите на Краснојарск ги дочекаа студовите од минус 35 степени во градот и до -50 степени во околината. На северот на Енисејскиот реон е забележан студ од -51 степен.
Иљја Најмушин / Sputnik
Двоглед окован со снег и иње во новата пешачка зона „Стрелка“ во паркот „Татишев“ на брегот на Качинскиот канал на Енисеј, на островот Татишев во Краснојарск.
Иљја Најмушин / Sputnik
3. Во Новосибирск температурата во центарот на градот падна на -33℃, а во регионот на -42℃.
Александар Крајжев / Sputnik
4. Омск. Зграда окована во мраз. И тука е под -30℃.
Евгениј Софијчук / TASS
5. Во Норилск, на северот на Краснојарскиот крај, не е толку студено - само -28℃, но поларната ноќ веќе започна. Последен пат Сонцето овде е видено на 29 ноември, а следното изгрејсонце ќе биде дури во 2024 година, во втората половина на јануари.
Химич Алеся/Visit-Norilsk
6. На северот на Приморскиот крај е под -20°С, но поради ветрот субјективното чувство е како да е -40. Кејот во Владивосток наликува на царството на Снежната кралица.
Виталиј Ањков / Sputnik
7. Во Воркута е само -20°С, а снегот е сув и крцка под нозете. Додуша, помеѓу зајдисонцето и изгрејсонцето поминува само еден час, бидејќи сепак тоа е град на 67-та паралела!
Павел Кузмичев
8. Според пишувањата на медиумите, во Јакутск е уште потопло! Во главниот град на најстудениот регион на Русија, температурата ноќе е малку пониска од -33°С, иако пред само неколку дена беше -45°С. И тоа е над вообичаената климатска норма за овој период од годината.
Вадим Скрјабин / TASS
9. Првата половина на декември 2023 година во Санкт Петербургу беше особено студена и снежна. Само на прв поглед изгледа дека -10°С и не е толку страшно. Меѓутоа, во комбинација со петербуршкиот ветар и снежните врнежи на жителите им беше многу студено! Во моментов во градот е потопло за неколку степени, но метеоролозите најавуваат дека тоа нема уште долго да трае.
Алексеј Даничев / Sputnik
10. Во Москва не е многу студено (око -7°С), но има многу снег. Паѓа цела недела, а ќе продолжи да паѓа и наредните денови.
Пелагија Тихонова/Агенција „Москва“
Во одделни области навевите достигнаа висина од 30 цм, и ќе бидат уште поголеми.
Јарослав Чангаев/Агенција „Москва“