-30°C во Тара, Омска област
Алексей Мальгавко/SputnikСноубординг на западот на Москва, на Крилатските ридови
Валерий Шарифулин/TASS„Лавина од студ“ – така синоптичарите го нарекуваат ненадејното заладување кое последниве денови се случи во многу руски региони. Замислете си само: на новогодишната ноќ во Москва беше +5°C (просечната јануарска температура во Москва во јануари би требало да биде околу -10°C, потоа се спушти на околу нулата, а веќе на 6 јануари температурата нагло падна на - 22°C!
Дедо Мразовци од сите региони на Русија собрани во Москва
Артур Новосильцев/АГН МоскваМетеоролошките експерти велат дека причина за ваквите мразови е супер студениот воздух од арктичките мориња. Меѓутоа, ова е далеку од он што се смета за сурова зима: најстудениот јануари забележан во Москва бил во 1940 година, кога температурата паднала на -42°C.
Сончев ореол - хало во Московската област
Владимир Гердо/TASSКако резултат на толку наглото заладување, мештаните забележаа уникатни природни феномени за Москва - соларен ореол и светлосни столбови.
Краснојарск, капење во Енисеј
Илья Наймушин/SputnikВо сибирскиот град Краснојарск деновиве е релативно „топло“ - само -20°C!
Во централна Русија е многу постудено: во Ивановската, Владимирската и Тверската област беше до -28°C, додека во Костромската област температурата падна под -30°C.
Божиќен фестивал во Шуја, Ивановска област
Владимир Смирнов/TASSСпоред синоптичарите, до крајот на неделата температурата во повеќето региони ќе се нормализира.
Кинешма, Ивановска област, -28°C
Владимир Смирнов/TASSКолку поисточно, толку постудено.
Дивеево, Нижегородска област
Александр Рюмин/TASSНижни Новгород и Киров сега се соочуваат со мразови од -36°C и се очекува да потраат прилично долго.
Мурманск
Павел Львов/SputnikНа Урал е малку потопло на -34°C.
Уфа, Башкортостан, -34°C
Максим Богодвид/SputnikЈакутија, уште еднаш, ја одбрани титулата најстуден регион на Русија. Јакутск, главниот град на републиката, е соочен со студ од минус 50 степени. Во Ојмјакон, „полот на студот“, температурата е -52°C.
Пливање во топлите извори на Ојмјакон
Семен Сивцев/@sivtsevsema958Ваквите мразови, иако екстремни, не се ништо необично за многу региони на Русија, така што нема посебни комунални или сообраќајни проблеми.
Интересни факти:
На југот на Русија зимата изгледа сосем поинаку. Во Сочи и Анапа е топли +10 до 15°C. Меѓутоа, мештаните и понатаму мислат дека е студено и едвај ја чекаат пролетта!
Анапа
Виталий Тимкив/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче