Зошто рускиот град Саров за 40 години шест пати го смени името?

Николај Мошков/TASS
Русија има многу градови кои низ историјата често го менувале своето име, но Саров ги надминува сите.

Накратко за Саров

Саров се наоѓа во Нижегородската област, 370 километри источно од Москва. Има помалку од 100000 жители и тој број е строго ограничен. Саров веќе долги години е затворен град во кој ни жителите од оваа област не можат така лесно да влезат.

Планот на Саров. Поглед на манастирот „Св. Серафим Саровски“, 1764 година.

Саров бил основан на реката Саровка во 1706 година, но веднаш не станал затворен град. До револуцијата од 1917 година тоа било село кое аџиите со задоволство го посетувале кога доаѓале во познатиот манастир на преподобен Серафим Саровски.

Царското семејство со придружбата на свечености во Саров, јули 1903.

По Втората светска војна, малата населба во непроодна недојдија го привлече вниманието на Комунистичката партија. Партискиот врв сметаше дека селото опкружено со мочуришта претставува идеално место за тајни објекти. Клучните објекти за истражување и развој на нуклеарно и термонуклеарно вооружување (најважниот се викаше КБ-11) беа преместени во Саров во 1946 година. Овде се правеа полнења за авиобомби, крстосувачки ракети, торпеда и интерконтинентални балистички ракети, а населбата ја доби ознаката „строго доверливо“.

Саров, изгледот на манастирот „Св. Серафим Саровски“, 1903.

Покрај тоа што беше затворен за обичните луѓе, Саров беше отстранет и од советските географски карти и исклучен од сите регистри на административна територијална поделба. Таму сè уште живеат работниците на тајните претпријатија и нивните роднини. Во градот може да се влезе само со специјална дозвола од властите или на покана на роднини кои живеат таму. Не е дозволен влез за туристи, лица со двојно државјанство и судени за тешки кривични дела според Кривичниот законик.

Прочитајте повеќе: 5 факти за затворените градови во СССР и Русија

„Жителите на земјите од Заедницата на независни држави не можат ни да се вработат во Саров. Во другите руски градови тие работат нискоквалификувани и слабо платени работи, а во Саров тој вид работа го вршат жителите на поблиските населби. Секој ден, почнувајќи од 6:00 часот, на работа во Саров пристигнуваат околу 4000 луѓе, кои мора да го напуштат градот до 22 часот, во спротивно се смета дека го прекршиле режимот“, изјави во интервју за „Комерсант“ Алексеј Голубев, шеф на градската управа.

Куќата во која живееше академик А. Д. Сахаров за време на работата над создавањето на првата советска атомска бомба 1992.

Во овој град живееја и работеа творците на првата советска хидрогенска бомба, академиците Андреј Сахаров и Јулиј Харитон, како и академик Јаков Зељдович, чие име и дело во Советскиот Сојуз беа чувани во најголема тајност.

Академик Јулиј Харитон до КБ-11 – РДС-1, на чиј развој работеше 1992.

За време на повоените години и градот и неговите стратешки важни вработени беа толку упорно криени што градот шест пати го менуваше своето име поради тоа.

Нуклеарна долина

По 1946 година, Саров имаше многу шифрирани ознаки. Се викаше „Објект 550“, „База 112“, „Филијала на „Главгорстрој“ во Приволжје“ и „Кремлов“, а во 1954 година, според указот за основање тајни населби, го доби официјалното име Кремлов.

СССР, Нижегородска област, „Арзамас-16“, 1 август 1991. Проспект на Мирот

Меѓутоа, по шест години, неговото име повторно беше сменето, овој пат во „Арзамас-75“. За затворените градови во Русија беа карактеристични имиња со нумеричка ознака, со тоа што цифрите не значеа ништо (тоа не беше 75-тиот Арзамас по ред).

СССР, Нижегородска област, „Арзамас-16“, 1 август 1991. Нов микрореон.

Но, конкретно во овој случај, бројчаната ознака можеше да го открие тајниот град, па неговото име наиде на многу критики од властите. А се работи за тоа дека Арзамас беше обичен град кој не беше затворен и навистина постоеше - се наоѓаше на 75 километри од Саров. Се тврдеше дека оваа коинциденција е сосем случајна, но сепак, за секој случај, беше одлучено повторно да се смени името.

Повторно по шест години (1966) градот го доби името „Арзамас-16“ и така се викаше сé до 1994 година.

Русија, Нижегородска област, влезот во администрацијата на Саровскиот федерален нуклеарен центар ВНИИЕФ, кој го прослави својот 60 роденден, 2006.

По распадот на СССР, во 1994 година на градот му беше вратено името Кремљов, кое го носеше само една година. Следната, 1995 година, повторно стана Саров и го носи тоа историско име и денес.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња