Зошто се рекламираше советската авиокомпанија „Аерофлот“?

Archive photo
„Летајте со авионите на „Аерофлот“, – пишуваше на огромни шарени плакати што беа закачени во центарот на советските градови. Денес овој слоган звучи многу чудно, бидејќи „Аерофлот“ беше единствената компанија на Советскиот Сојуз и немаше конкуренција, т.е. патниците секако немаа друг избор.

Од друга страна, никој не беше изненаден од таквата реклама. Авионите во тоа време беа сосема ново сообраќајно средство и конкуренција на возовите кои беа вообичаени.

Плакатите им објаснуваа на обичните граѓани колку време би заштедиле на одмор доколку одлучат да патуваат со авион, на пример, до црноморското одморалиште Сочи.

„Аерофлот“ веќе во 1950-тите имаше современи млазни авиони Ту-104 и Ту-144, кои можеа да превезуваат поголем број патници.

Покрај домашните летови, авиокомпанијата вршеше и меѓународни летови - со Европа, САД и Канада, дури и во екот на Студената војна.

Стјуардите и стјуардесите на таквите летови често имаа високо јазично образование.

Покрај тоа, Москва беше транзитен град за странските туристи кои патуваа, на пример, од Европа до Индија, Индонезија или Кина.

Советските авиокомпании специјално за такви туристи издадоа голем број рекламни плакати на англиски јазик. Плакатите ги објаснуваа предностите на летовите со трансфер во Москва.

Советскиот Сојуз во 1970 година им дозволи на странските авиокомпании да летаат над Транссибирската железница и слетуваат во Москва за дополнување гориво.

На тој начин значително беше скратен патот до земјите во Азија и Африка. Такви летови први изведоа Air France и JAL (јапонската авиокомпанија).

Оваа 2023 година „Аерофлот“ го прославува својот 100-ти роденден. Погледнете како се менуваше униформата на стјуардесите во текот на сите тие години!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња